
Бербатов со храбра прогноза за вечерашното финале
Реал Мадрид ќе се обиде да дојде до својата 15. титула во најелитното европско натпреварување, додека „милионерите“ досега само еднаш беа европски шампион.
Еден од оние кои се обидоа да го типуваат исходот на финалето беше и бугарскиот ветеран Димитар Берабтов кој во минатото го носеше дресот на Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Иако Реал Мадрид е фаворит, Бербатов имаше храброст да прогнозира изненадување со победа од 2:1 на Борусија.
„Уште од детството омилени ми биле приказните во кои малиот победува против големиот, сакав да ги гледам помалите екипи и кога играв за Манчестер Јунајтед. Вечерва аутсајдерот е Борусија, но јас предвидувам 2:1 нив. Сакам така да заврши затоа што заслужуваат. Во минатото изгубија, а судбината некогаш ти се одмаздува, некогаш ти враќа“, изјави Бербатов.
Покрај споменатите Тотенхем и Манчестер Јунајтед, Бербатов во кариерата играше уште за ЦСКА Софија, Баер Леверкузен, Фулам, Монако, ПАОК и Керала Бластерс каде што ја заврши кариерата. Дресот на репрезентацијата на Бугарија го носеше на 78 натпревари во кои постигна 48 гола.