
Беќири: Поквалитетни сме од ТНС, со помош на публиката да се пласираме понатаму
Шкендија вчера ремизираше со ТНС во Велс, мечот заврши без голови, а голманот на тетовчани беше херојот.
Но, Беќири вели дека македонскиот шампион е поквалитетен тим и тоа ќе го покаже во реваншот.
„Ова еше меч кој имаше моменти кога и ние доминиравме. Имавме повеќе чисти шанси од противникот, но имавме и дефанзивни грешки по кои нашиот голман интервенираше одлични. Имајќи ги во предвид пречките како вештачки терен и тоа што на подготовките во Словенија ни недостасуваа Ибраими и Алхасан, верувам дека ова е прифатлив резултат. На реваншот ќе се обидеме да стигнеме до следната рунда“, вели Беќири.
„Сметам дека важиме за благ фаворит во реваншот. Тоа го кажувам според квалитетот на тимот, ние сме фаворити. Имаме една седмица за подготовка, да влеземе во ритам и да ни се вратат оние кои ни недостасуваат. Со помош на публиката се надевам дека ќе бидеме тимот кој ќе се пласира во второто квалификациско коло“.
Реваншот меѓу Шкендија и ТНС се игра во Скопје наредниот вторник со почеток од 20 часот.