Англичаните го распнаа Саутгејт: Македонија е позабавна, наша среќа што не играме со нив!

Англија која секое Европско или Светско првенство веќе со децении ја сметаат за притаен фаворит за титула, вчера ремизираше без голови во „островското дерби“ со Шкотка, веќе има четири бода, на чекор е до пласман во осминафиналето, ама јавноста во колепката на фудбалот го распна селекторот Герет Саутгејт.

Англичаните не импресионираат воопшто, иако ја победија Хрватска со 1-0, втор меч по ред со Шкотска сочуваа чиста мрежа, ама иако имаат по имиња одлична генерација, тимот не функвионира, па и не е по вкус на навивачите.

„Жива досада сте, не можам да ве гледам“, напиша еден навивач.

Саутгејт го распнаа за безидејниот фудбал, за „трошењето“ на талентот, па јавноста го подбра со компарации со Македонија.

„Македонија е позабавна од нас, а и повеќе голови даде на ова ЕП по две кола. Тие два, ние – еден. Мизерии!“, коментира друг навивач.

„Треба на Бог да му се заблагодариме што не ни е во група Македонија – ќе изгубиме!“, бесно вели друг на социјалните мрежи.

Англичаните се тотално разочарани од својата селекција, па безмалку секој коментар на играта на „Гордиот Албион“ е со споредба со Македонија.

Еве дел од канонадата критики за Саутгејт поврзани со нашата селекција, кога на ова Еуро 2020 дебитира, а завчера стана првата репрезентација која официјално испадна во групната фаза после поразот од Украина со 1-2, откако во првиот меч Австрија нѐ победи со 1-3.