Алонсо доби лоши вести пред гостувањето кај Ливерпул (ФОТО)

Дербито меѓу Ливерпул и Реал Мадрид во Лигата на шампиони (ЛШ) е закажано за утре од 21 часот, а шпанскиот гигант доби лоши вести пред тешкото гостување на „Енфилд“.

„Кралевите“ имаат добар старт на сезоната под водство на Чаби Алонсо, кој на дуелот против Ливерпул нема да може да смета на услугите на Франко Мастантуоно.

Мастантуоно се здобил со повреда, а дополнителните медицински прегледи треба да покажат колку време ќа паузира младиот фудбалер.

Дополнителен проблем за Алонсо е тоа што Трент Александер-Арнолд не е целосно рехабилитиран, односно подготвен за старт против неговиот поранешен клуб, па ќе мора да чека шанса од клупата за резервни фудбалери.