Адеми одигра цел меч за својата екипа: Динамо Загреб ремизираше против Ференцварош (ВИДЕО)

Динамо Загреб одигра 1-1 во првиот меч од претпоследното коло во квалификациите за Лигата на шампиони. Аријан Адеми го одигра цел меч за својата екипа, додека Стефан Спировски не беше во конкуренција за денешниот дуел.

Дани Олмо по само седум минути донесе водство за Динамо, по што домашниот состав продолжи со притисокот, но не успеа повторно да ја затресе противничката мрежа.

Фернцварош ја искористи својата шанса, па преку Давид Зигер во 60. минута израмни на 1-1, а тоа се покажа и како конечен резултат на крајот, иако домаќините имаа уште неколку шанси да го вратат водството.