Златан Ибрахимовиќ однапред знае кој ќе победи во финалето на СП 2026!

Светската фудбалска јавност со нетрпение го очекува вечерашното финале на СП 2026 меѓу Аргентина и Шпанија, а својот фаворит веќе го откри и Златан Ибрахимовиќ.

Легендарниот шведски напаѓач, кој за време на Мундијалот работи како стручен аналитичар за телевизијата Фокс спорт, е убеден дека нов светски шампион ќе стане Шпанија.

„Шпанците ќе победат, сигурен сум во тоа. Со својот стил на игра може да ја запре оваа Аргентина. Очекувам тие да го наметнат својот ритам, да доминираат во поседот на топката, а Аргентина не е репрезентација што знае да игра на контранапади. Едноставно, не може да игра на таков начин. Верувам дека Шпанија ќе ја контролира играта од првата до последната минута“, изјави Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот до полуфиналето најголеми симпатии имаше кон Франција, која ја сметаше за најдобрата селекција на турнирот. Сепак, убедливото издание на Шпанија во полуфиналето целосно му го промени мислењето, па сега верува дека „црвената фурија“ ќе се искачи на светскиот трон.