Строгите мерки направија проблем - новинарите заглавија на пет часа пред почетокот на финалето! (ВИДЕО)
Имено, на социјалните мрежи се појавија снимки од редицата пред влезот за медиуми на пет часа до почетокот на дуелот која изгледа огромно. Според дел од информациите причината за застојот веројатно е поради засилените безбедносни мерки и присуството на американскиот претседател, Доналд Трамп на дуелот.
Трамп досега не присуствуваше на ниту еден натпревар на Мундијалот, а ги пропушти и дуелите на репрезентацијата на САД која стигна до осминафиналето каде што беше елиминирана од Белгија.
За вечерва најавите се и дека Трамп заедно со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ќе го додели трофејот на победникот.