Подгответе се за чекање: Големото финале на СП може да не почне во 21 часот!

Шпанија и Аргентина вечерва од 21:00 часот треба да се сретнат во финалето на Светското првенство во Њујорк, но сè погласни се шпекулациите дека натпреварот би можел да не започне според предвидениот термин.

Причина за неизвесноста се катастрофалните временски услови што во изминатите часови го зафатија поширокото подрачје на Њујорк, предизвикувајќи сериозна загриженост кај организаторите и спортската јавност.

Силното невреме донесе обилни врнежи и големи поплави на главните сообраќајници, поради што во јавноста веќе се споменува можноста почетокот на финалето да биде одложен доколку состојбата не се подобри.

Во текот на целата недела регионот на Њујорк е погоден од силни бури, проследени со исклучително висока влажност на воздухот, невообичаена за овој период од годината. Во одделни делови од градот за само еден час наврнале меѓу 50 и 75 милиметри дожд на квадратен метар.

Огромното количество врнежи за краток временски период предизвика хаос на улиците, целосно поплави неколку клучни автопати и навлезе во станиците на метрото, што дополнително го отежнува пристигнувањето на навивачите до стадионот.