Де Ла Фуенте и Скалони ги избраа воините со кои одат по светска титула!

На нешто повеќе од еден час познати се и стартните состави за финалето на Светското првенство во кое ќе се сретнат Шпанија и Аргентина.

Ниту двајцата селектори не направија изненадувања и на теренот во главно фудбалерите кои добиваа поголема минутажа во текот на целиот турнир.

Кај актуелните светски шампиони повторно го нема Лаутаро Мартинез кој беше херој во полуфиналето против Англија со гол во завршница. Предност пред голгетерот на Интер и сега има Хулијан Алварез.

ШПАНИЈА 4-3-3: Симон; Поро, Кубарси, Лапорт, Кукуреља; Родри, Руиз, Олмо; Баена, Ојарзабал, Јамал

АРГЕНТИНА 4-4-2: Мартинез; Молина, Ромеро, Лисандро Мартинез, Таљафико; Де Пол, Мекалистер, Енцо Фернандез, Нико Гонзалез; Меси, Алварез

Натпреварот е закажан со почеток во 21:00 часот.