Антонели најбрз на Спа за шеста победа во сезоната!

Младиот италијански возач од Мерцедес, Кими Антонели беше најбрз на трката за Големата награда на Белгија и ја оствари шестата победа во сезоната во Формула 1.

Антонели се соочи со проблеми само на почетокот на трката на Спа, но набрзо го врати водството и потоа заврши пред Шарл Леклер и Макс Верстапен.

По водечката тројка завршија Луис Хамилтон (кој е под истрага и се очекува да добие казна), Оскар Пјастри, Исак Хаџар, Ландо Норис, Бортелот, Линдблад и Колапинто во топ-10.

Фото: X/Formula 1