Менаџерот на Салах му го расипал трансферот откако тој го прифатил?!
Оваа информација ја сподели првиот човек на Бешикташ, Сердал Адали, кој истакна дека таквата сума е неприфатлива за истанбулскиот клуб и дека може да го загрози веќе договорениот трансфер на Египќанецот.
„Мохамед Салах лично разговараше и со Винченцо Италијано и со нашиот спортски директор и го одобри трансферот. Меѓутоа, веднаш штом во медиумите се појавија информации дека договорот е завршен, неговиот агент ги зголеми финансиските барања и ја подигна својата провизија на неверојатни 35 отсто“, изјави Адали.
Потоа нагласи дека тоа може да го загрози трансферот кој бил на чекор до реализација.
„Од наша гледна точка, таков процент е неприфатлив под какви било услови. Не мислиме дека ниту самиот Салах е свесен за овие бројки“, додаде Адали.