ФИФА ги „суспендирала“ сите учесници на Мундијалот!
Станува збор за правило според кое сите фудбалери што настапиле на Мундијалот имаат право на задолжителен одмор од три недели, сметано од денот кога нивната репрезентација ќе го заврши настапот на турнирот.
Практично, ФИФА ги „суспендираше“ сите учесници на Светското првенство за тој период, што ќе им создаде одредени проблеми на клубовите чии фудбалери стигнаа до самиот финиш на Мундијалот.
Тоа значи дека дел од најважните играчи ќе пропуштат значителен дел од летните подготовки пред почетокот на новата сезона, бидејќи ќе мора да го искористат загарантираниот тринеделен одмор.