Зидан трпеливо чека шанса: Сон ми е да бидам селектор на Франција!

Легендарниот француски фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кажа дека негов сон е да ја предводи репрезентацијата на Франција.

Актуелниот селектор на Франција, Дидие Дешам претходно откри дека нема да го продолжи договорот и ќе замине од кормилото на „триколорите“ по Светското првенство (СП) во 2026 гоидна.

„Чувствувам дека можам да ја тренирам репрезентацијата на Франција, за која играв долги години. Секако дека тоа ми е сон, чекам шанса“, кажа Зидан.

Зидан веќе со години важи за главен кандидат да го наследи Дешам, откако го напушти Реал Мадрид во 2021 година.

Фото: EPA PHOTO