Во Холандија ќе се игра градско дерби без судии - фудбалерите сами ќе си судат!

Во холандскиот град Хелмонд утре ќе се игра дербито помеѓу градските ривал Брандеворт и Де Брак, станува збор за натпревар од пријателски карактер поради кој од една причина ќе биде посебен.

Имено, овој натпревар кој започнува во терминот од 20:00 часот ќе биде одигран без ниту еден судија на теренот. Нема да има ниту главен, ниту помошен, па така нема да има и картони.

Самите фудбалери на теренот ќе ја преземат одговорноста за носење одлуки.

Во клубовите со овој потег сакаат да испратат порака за важноста на фер-плејот и коректното однесување сметајќи дека спортскиот дух е изгубен во модерниот фудбал.

Поради ваквата ситуација се очекува да има и поголем број навивачи на трибините.