Урнебесно: Газдата на Ривер тргна да дава изјава, ама кога виде стампедо... (ВИДЕО)

Епското Суперкласико не го доживеа својот почеток, па по две одложувања синоќа беше презакажано за денеска вечер од 21 часот, откако нападот врз автобусот со фудбалери на Бока беше претежок инцидент за да се одигра големото дерби во Копа Либертадорес.

И откако беше објавено дека мечот се одложува за утре, во ист час бесните и гневни хулигани на Ривер започнаа жестоки пресметки со полицијата прво на стадионот, а потоа инцидентите се прелеаа надвор од него. И во целиот хаос, на стадионот за „Фокс“ застана да даде изјава првиот човек на Ривер, Родолфо Донфрио, ама не отвори уста, зошто кога виде стампедо кон себе – почна да бега.