Урнебесна сцена: Бразилец сакаше да го имитира Роналдо – се повреди! (ВИДЕО)

Интересна сцена се случи во натпреварот од бразилскиот Паулиста куп помеѓу Монте Азул и Гремио, а во центарот на вниманието се најде напаѓачот Кесли.

Имено, Бразилецот по одбиената топка од пеналот успеа да погоди, а потоа сакаше да прослави во стилот на Кристијано Роналдо, но неговиот обид заврши неславно.

При доскокот напаѓачот го поведи коленото, па остана да лежи на теренот и мораше да биде заменет.