Трогателни сцени: Илјадници со солзи го испраќаат Астори во вечниот дом! (ВИДЕО)

Денешниот ден дефинитивно ќе биде запишен како еден од најтажните воопшто во историјата на фудбалот, поради погребот на фудбалерот на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина во неделата во сон и тоа во Удине неколку часа пред натпревар со Удинезе.

Смртта на 31-годишниот капитен на виолетовите во црно го зави целиот фудбалски свет, а веќе со денови од него се простуваат поранешни соиграчи и фудбалери од целиот свет, без разлика дали лично го познавале.

Неделава солзи се лееја пред натпреварите од Лигата на шампионите, а особено емотивно беше на вчерашниот меч на „Вембли“ помеѓу Тотнем и Јувентус.

Погребот на Астори почна во десет часот, а илјадници луѓе веќе се најдоа пред Базиликата ди Санта Кроче каде што ќе биде изложено неговото тело. Таму веќе е целата екипа на Фиорентина заедно со младинскиот и женскиот тим, како и легенди на светскиот фудбал и негови поранешни соиграчи од клубовите и репрезентацијата на Италија, Франческо Тоти, Џиџи Буфон, Кјелини, Марко Ван Бастен, Џузепе Роси, Ел Шарави, Бернадески...

Причина за смртта на Астори, според официјалните лица, е срцев удар.