Трагедија во Москва: Тинејџер паднал од шести спрат врз аргентински навивачи!

Голема трагедија се случила вчера во Москва откако 18-годишен тинејџер по мечот Аргентина – Исланд (1-1) паднал од шести кат и починал на лице место, објавија руските меидуми.

Засега не е објавено официјално за идентитетот на навивачот, но руските медиуми посочија дека станува збор за Исланѓанец. Тој според информациите на медиумите паднал од шестиот кат на една зграда и тоа директно врз двајца аргентински навивачи, кои поради повредите завршиле во болница.

Несреќниот тинејџер починал на лице место, а засега се работи и на откривање на причините за падот. Инаку, навивачите кои во тоа време се наоѓале на улица биле шокирани откако врз нив паднало младото момче. Според информациите, Аргентинците минале без потешки повреди.