Тотнем и вторпат летово го урна клупскиот рекорд!

Тотнем и официјално го потврди трансферот на фудбалерот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали со кој ќе биде урнат клупскиот рекорд поставен неодамна со купувањето на Матеуш Фернандеш. 

Според британските медиуми, Тотнем ќе плати 92,5 милиони фунти веднаш, а дополнителни 7,5 милиони фунти преку бонуси. Њукасл претходно одби понуда од околу 80 милиони фунти.

Дваесет и шестгодишниот италијански репрезентативец помина три сезони во Њукасл, каде пристигна од Милан во јули 2023 година за 55 милиони фунти. Набрзо по доаѓањето во англискиот клуб беше суспендиран на десет месеци поради кршење на правилата за обложување, по одлука на Фудбалскиот сојуз на Италија.

По враќањето на теренот, тој избори место како еден од клучните играчи во тимот и му помогна на Њукасл во 2025 година да го освои Лига купот на Англија, што беше прв трофеј за клубот по 70 години. 

Тонали е второ големо засилување на Тотенхем ова лето, откако претходно од Вест Хем пристигна Матеуш Фернандеш во трансфер вреден 85 милиони фунти.

Лондонскиот клуб ова лето без обесштетување ги ангажираше и дефанзивците Енди Робертсон и Маркос Сенеси, а вкупната потрошена сума за Јан Паул ван Хеке, Фернандеш и Тонали би можела да достигне 237 милиони фунти.