Гарсија за одлуката на ФИФА: Не знаев дека сме Први април

Во рамки на осминафиналето во ноќта која следи во два часот по наше време, ќе се сретнат фудбалските репрезентации на САД и Белгија, а пред овој дуел многу реакции предизвика одлуката на ФИФА да ја поништи суспензијата на американскиот напаѓач, Фоларин Балогун,.

Балогун доби директен црвен картон против БиХ во претходната рунда и поради тоа требаше да биде суспендиран и да нема право на настап сега против Белгија, меѓутоа ФИФА одлучи да ја поништи суспензија.

На прес-конференцијата пред дуелот на ваквата одлука реагираше белгискиот селектор Руди Гарсија.

„Не знаев дека денес е Први април. Белгискиот сојуз издаде соопштение со кое не ја брани само репрезентацијата, туку и фудбалската историја и етиката. Првпат во историјата гледаме ваква одлука“, изјави Гарсија.

Во соопштението на белгискиот сојуз, на кое се повикува селекторот Гарсија, се наведува дека се „шокирани“ од одлуката за укинување на казната.

Белгијците се повикуваат на член 66.4 од дисциплинскиот правилник на ФИФА, според кој црвениот картон автоматски носи суспензија за играчот, како што било пракса низ целата историја на мундијалите.

Жестока реакција претходно имаше и од УЕФА, а се критики помеѓу другите испратија Јирген Клоп и Сеп Блатер.