Објавени пораки: Возиња пред Мундијалот барал клуб преку Инстаграм (ФОТО)

Голманот на Зеленортски Острови, Возиња до пред Мундијалот беше речиси анонимец, па така нов клуб се обидувал да пронајде и преку Инстаграм.

До неодамна беше дел од португалскиот второлигаш Чавес, меѓутоа договорот му истече, па на Светското првенство пристигна без ангажман. Нешто пред пристигнувањето во САД, тој го контактирал екс-фудбалерот Родни Штрасер за да му помогне да најде ангажман.

„Те чекав, но не кажа ништо. Знам дека имаш многу контакти, би сакал да играм уште една-две години. Зарем немаш некој што би можел да ми помогне? Може и Турција – дури и втора лига. Исто така, и втора лига Италија“, гласела пораката на Возиња.

Тогаш Штрасер му порачал прво да оди на Светско првенство бидејќи верувал во негово добро издание.

„Му реков да оди на Мундијал и да го даде максимумот. Премногу е добар голман за да бара клуб на тој начин. Верував дека Светското првенство може да му ја промени кариерата и бев во право. За мене тој е најдобриот голман на Мундијалот, а сега е и најследен во светот. Лекцијата е едноставна, никогаш не се откажувајте, верувајте и борете се. Не се важни годините, од каде доаѓате или вашата ситуација. Животот може да ви се промени преку ноќ“, изјави Штрасер.