Омерагиќ: Мотивирани сме и одиме на победа против Купс!
Омерагиќ најави дека ќе играат напаѓачки против финскиот тим и ќе се обидат да остварат победа на првиот натпревар.
„Го искористивме периодот во Италија максимално, ова е голем мотив затоа што после долго време играме квалификации во Лига на шампионите. Ќе играме напаѓачки и сакаме да победиме. Прво мислиме на натпреварот дома, а ние секогаш го даваме максимумот“, кажа Омерагиќ.
Вардар и Купс ќе се соочат утре во Скопје од 19 часот.