Нутинен: Очекувам тежок и неизвесен меч против најдобриот тим во Македонија!
Нутинен смета дека натпреварот во Скопје нема да биде одлучувачки и сè ќе се решава во реваншот во Финска.
„Возбудени сме што сме тука, очекуваме тежок и неизвесен натпревар и го чекам предизвикот. Играме против најдобриот тим во Македонија. Ние како стручен штаб ја завршивме нашата работа и очекувам добар натпревар. Сметам дека не е толку голема предност што сме во натпреварувачки ритам, овој натпревар во Скопје нема да биде одлучувачки натпревар, а наша цел е да победиме пред реваншот. Топлото време нема да биде проблем, нашите играчи се навикнати да играат во различни временски услови“, кажа Нутинен.
Дуелот меѓу Вардар и Купс е закажан за утре од 19 часот.