Струга му „украде“ голман на Пелистер
Јовчевски кој својата цела досегашна кариера ја помина во битолскиот клуб сега стави потпис на тригодишен договор со Струга.
За сениорскиот тим на Пелистер, Јовчевски кој има 22 години собра 56 настапи во кои го привлече вниманието кон себе.
Од Струга истакнуваат и дека за него постоел интерес од клубови од Албанија, Хрватска, Унгарија и Романија.
Во Струга тој ќе ја зголеми конкуренцијата на голот и ќе се бори за место со Васко Василев и Марко Анџелети.