
Тешко болниот Катанец го наградија со автомобил, тој му го подари на - преведувачот!
Претседателот на државата, Шавкат Мирзијојев по овој натпревар го исполни ветувањето и за награда за сите во репезентацијата.
Имено, сите членови во репрезентацијата беа наградени со нов автомобил. Станува збор за автомобили од кинеската марка „BYD“ и секој од нив вреди 50.000 евра. Автомобилите ги чекаа фудбалерите и членови на стручниот штаб паркирани покрај теренот.
Не беше заборавен ниту поранешниот македонски селектор, Сречко Катанец кој го предводеше Узбекистан до јануари оваа година кога си замина од функцијата откако му беше дијагностициран рак.
Катанец исто како и останатите ја доби наградата автомобил, но Словенецот реши да му ја подари на неговиот преведувач, Даврон Ахмедов. Потег кој беше проследен со воодушевување.
Фото: EPA