Тензии во Рим: Двајца фудбалери на Рома жестоко реагирале поради отказот на Де Роси
На местото на Де Роси на клупата на Рома седна Хрватот Иван Јуриќ, а двајца фудбалери на Рома жестоко се противеле на одлуката Де Роси да биде отпуштен.
Станува збор за лидерите на соблекувалната во Рим, Лоренцо Пелегрини и Џанлука Манчини.
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека двајцата биле исклучително незадоволни поради одлуката и дека имале жестока расправија со директорите. Наводно, тоа се случувало во средата.
Два дена претходно управата на клубот разговарала со Дибала и Паредес и двајцата го поддржале тренерот. Пелегрини и Манчини се обиделе да ги убедат Де Роси да остане, но веќе било предоцна.
Јуриќ на клупата на Рома ќе дебитира за викендот во натпреварот против Удинезе.