Талент на Арсенал пред трансфер во Манчестер јунајтед
Станува збор за 18-годишниот дефанзивец, Ајден Хевен. Според информациите на инсајдерот за трансфер пазарот, Фабрицио Романо првите контакти веќе биле направени.
Покрај Манчестер јунајтед интерес за овој фудбалер покажал и Ајнтрахт, а исто така и Арсенал му доставил понуда за нова соработка.
Причината поради која клубовите почнаа да покажуваат интерес за неговите услуги е тоа што неговиот договор истекува на крајот од сезоната.