Суперкласико пак одложено, не се знае новиот термин!

Вечерва требаше да се игра реваншот во финалето од Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс, но такво нешто нема да се случи, откако повторно беше одложен натпревар.

Вчера се случија многу инциденти во Буенос Аирес, меѓу кои беше и каменувањето на автобусот на Бока, при што беа повредени неколку фудбалери, па по неколку одложувања во текот на денот, терминот беше преместен за денеска од 21 часот, но фудбал на „Монументал“ – нема да има.

КОНМЕБОЛ потврди дека Суперкласико се одложува, откако претходно и Бока со официјално соопштение побара такво нешто, но не е објавен нов термин кога би можело да се одигра големото дерби.