Суперкласико или Супермедико? Рекорден број на лекарски екипи на готовс во Буенос Аирес

Најголемиот меч на светот и веројатно најлудото финале во историјата на фудбалот помеѓу вечно завојуваните Ривер Плејт и Бока Јуниорс ќе се одигра вечерва од 21 часот на „Монументал“, во реванш финалето во Копа Либертадорес, по што за 90 или 120 минити ќе биде познат новиот јужноамерикански шампион.

Суперкласико е дербито на сите дербија во светот, сегогаш френетично, страстно, ама овој дуел е посебен зошто се случува еднаш на сто години, а влогот е најпрестижниот трофеј во Јужна Америка. Па, затоа Ривер плејт ангажирал рекорден број на лекарски екипи во близина на стадионот, како и на него, зошто очекуваат дека од преголемата возбуда и адреналин на многу луѓе ќе им биде потребна помош.

Не е ни чудо, што Суперкласико доби сега и прекар Супермедико. Причината е едноставна.

Никогаш досега во историјата на аргентинскиот фудбал, аверојатно ни во светскиот за еден меч не се ангажирале толкав број на медицински лица. За дуелот ќе има девет амбулантни возила, 24 медицински пунктови, 35 доктори, 17 медицински сестри и 45 носилки. Плус луѓе, кои ќе бидат задолжени за секој човек што ќе има некаков проблем, да го однесат до одредена точка.

Исто така, на стадионот ќе биде распореден и медицински персонал, кои се стручни со дефибрилатори, во случај на некој навивач да не му застане срцето. Целата операција е организирана со поддршка на градските власти и во договор со медицинските центри во Буенос Аирес.

За причините толку да се ангажираат лекарски екипи, беспотребно е да се говори, зошто во Аргентина сите живеат за ова финале, ама едни ќе тагуваат, а други ќе се радуваат, па превентивно најдобро е и за големата тага и за преголемата радост да има стручни лица за да се избегнат трагедии. Особено што Аргентинците се премногу страствени и фудбалот за нив е повеќе од игра.

Не е ни случајно што од првиот меч имаше пренос и за срцево болни луѓе, со посебен смирен коментатор и со музика во позадина.