Судбина: Две лица во последен момент го откажале патувањето со „комбето на смртта“
Албанските медиуми објавија дека помеѓу патниците во комбето имало и двајца Албанци засега не е познато дали тие се меѓу загинатите или повредените, а исто така е објавено и дека две лица во последен момент го откажале патувањето.
Имено, иако имале резервирано, лицата во последен момент добиле повик од работа, па биле принудени да откажат и на нивно место се качиле двајца други патници кои за жал ги загубиле животите.
„Тргнаа утрото и повеќе сакаа да поминат преку Промахон за да ја избегнат царината и да стигнат побрзо. Двајца други откажаа карти во последен момент поради работа и не тргнаа на патувањето. Преостанатите места ги пополнија луѓе од Солун“, пишуваат грчките медиуми.