Милијардерка ќе игра во полуфиналето на Австралија опен

Американката Џесика Пегула во четвртфиналето ја победи сонародничката Аманда Анисимова со 6-2, 7-6 (7-1). Мечот траеше еден час и 35 минути, а за Пегула која важи и за најбогата тенисерка во светот ова ќе биде прво полуфинале кариерата на Австралија опен. 

Таа е професионалец од 2009 година и е ќерка на Тери Пегула, кој е меѓу 500-те најбогати лица на светот. Неговото богатство се проценува на 6,8 милијарди долари, заработени од недвижности и природен гас. Американскиот бизнисмен е сопственик и на НФЛ тимот Бафало Билс, кој го купи во 2014 година за 1,4 милијарди долари, надминувајќи го тогаш и Доналд Трамп и Бон Џови, како и други спортски франшизи.

Покрај НФЛ клубот, семејството на Пегула поседува и НХЛ франшиза, Бафало Сејбрес од 2011 година (189 милиони долари), по што го продале поголемиот дел од своите нафтени и гасни компании.

Противничка во полуфиналето на Австралија опен на Пегула ќе и биде Елена Рибакина, која во четвртфиналето ја победи Полјаката Ига Швионтек со 7-5, 6-1. Рибакина е 

Во првото полуфинале ќе се сретнат Белорусинката Арина Сабаленка и Украинката Елина Свитолина. Полуфиналата се на програмата утре.