Николов избра, по епизодата во Данска продолжува во Бих!

Иван Николов кој неодамна се раздели со Сондерјиске од Данска го избра клбуот каде што ќе игра до крајот на сезоната и тоа ќе биде Радник Бјелина од БиХ.

Иако во претходниот период имаше информации дека клубови од Србија, Данска, Унгарија и Норвешка испратиле понуди за него, сепак на крајот Николов продолжува во босанското фудбалско првенство.

Договорот кој го потпиша е со важност на шест месеци, односно да крајот на актуелната сезона.

Сондерјиске за Николов беше прв предзивик надвор од Македонија, претхоодно го носеше дресот на: Академија Пандев (Брера), Вардар и Брегалница.

Кога е репрезентацијата во прашање, Николов има 22 настапи за селекцијата до 21 година и еден во сениорскиот состав.