Веќе го отпишаа, обложувалниците го понижија Ѓоковиќ во битката со Синер

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија опен, откако Италијанецот Лоренцо Музети му го предаде мечот поради повреда, а во битката за финале српскиот тенисер го чека пеколно тешка задача, меч со Јаник Синер.

Јасно е дека Ѓоковиќ не е нивото од пред неколку години, а Синер веројатно и никогаш претходно не бил поголем фаворит кога играл против Ѓоковиќ. Според најголемите светски обложувалници коефицинетот за победа на Ѓоковиќ изнесува околу 10, додека пак за Синер е само 1.08.

Дел од фановите ваквата распределба ја сметаат и за понижување кон еден од најдобрите на сите времиња, иако нема дилеми дека Синер во полуфиналето има повеќе шанси.

Во случај да стигне до финалето Ѓоковиќ ќе игра за својата 25 грен-слем титула и тоа ќе биде сигурно неговиот најголем мотив.