„Арсенал би можел да биде најлошиот шампион во историјата на Премиер лигата“

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс зборуваше за Арсенал и истекна дека ако тие ја освојат титулата би биле најлошиот тим на кој тоа некогаш му успеало.

Арсенал сè уште е на врвот на табелата со четири бода предност, но водството им се намали минатиот викенд по поразот од Манчестер јунајтед, додека најблиските конкуренти, Манчестер сити и Астон вила, забележаа победи.

Тимот Микел Артета во последните три натпревари освои само два од можните девет бода, Арсенал се бори за прва титула по 2004 година, откако во последните две сезони беа многу блиску, но иконата на Црвените ѓаволи не е импресиониран од начинот на кој игра сегашниот лидер во Англија.

„Ако Арсенал ја освои лигата, тоа би можел да биде најлошиот тим што некогаш станал шампион. Доколку би требало да се избере тим на сезоната и да се состави нападот од четворица, никој од Арсенал не би влегол. Погледнете ги претходните шампиони, напаѓачите на Ливерпул беа брилијантни. Тука можеби единствен кандидат е Сака, но ниту тој не е такво ниво“, смета Сколс.