Ла Лига нуди 50 евра на секој што ќе пријави локал кој илегално пренесува дуели!

Шпанската Ла Лига повлече необичен потег во борбата против нелегалните преноси на натпревари. Од управата на лигата решија да платат по 50 евра на секој што ќе пријавил локал каде што има илегален пренос.

Граѓаните кои ќе достават доверливи информации за локали кои илегално пренесуваат натпревари ќе бидат наградени со 50 евра.

Уплатата ќе се изврши откако техничкиот тим на Ла Лига ќе потврди дека објектот навистина пренесува натпревари без дозвола.