Дембеле во шокантен трансфер го напушта ПСЖ!?

Ѕвездата на ПСЖ и освојувач на „Златната топка“, Осман Дембеле е голема желба на саудиски тимови кои нема да штедат пари за да го добијат неговиот потпис следното лето.

Дембеле има договор со парижаните до 2028 година, но саудиските тимови подготвиле понуда со која сакаат да го привлечат во С. Арабија.

Саудиската лига веќе привлече голем број ѕвезди како Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Нејмар, Садио Мане и други.

Францускиот репрезентативец во моментов е среќен во Париз, но конечна одлука за иднината ќе донесе по Светското првенство (СП).

Фото: Ballon d'Or