Србите и покрај фијаското во Катар ќе поделат награда од – 4,8 милиони долари!

Србија со преголем оптимизам замина во Катар на Светското првенство, но „орлите“ наместо лет кон финале, летнаа дома после групната фаза и само едниот освоен бод со осум примени голови во мрежата.

Но, без оглед на големото разочарување после огромниот оптимизам, фудбалерите и стручниот штаб предводен од легендарниот Драган Стојковиќ – Пикси ќе поделат џиновска милионска награда за успехот.

Вкупно 4,84 милиони долари ќе делат фудбалерите и стручниот штаб за успехот со настапот на СП, што е 57 отсто од наградата која фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) го доби за пласманот, а останатите 43 отсто ќе останат во касата на сојузот.

Колку за споредба Македонија после настапот на Еуро 2020 го награди фудбалерите со нешто повеќе од три милиони евра, безмалку 40 отсто од вкупната награда од УЕФА, а остатокот остана во касата на ФФМ, па во „куќата на фудбалот“ се делеа богати премии за фотелјашите.