Срамни бројки за Светското првенство, кои Катар сака да ги сокрие!
Водејќи главно борба за човечки права и против дискриминацијата за ЛГТБ заедницата, англиските медиуми постојано објавуваат текстови против Катарците. Во таа насока е и еден текст на „Гардијан“, со „срамни бројки за кои Катарците не сакаат да се знае“.
200 милијарди долари
Износ кој Катар, неофицијално, го потрошил за подготовка на Светското првенство во споредба со, околу, 11 милијарди долари кои ги вложи Русија во подготовка на Мундијалот пред четири години.
0
Бројот на ставки за човековите права или услови, кои се однесуваат на заштита на трудот, а кои ФИФА (требаше да) ги побара од катарските власти при доделување на улогата домаќин, во 2010 година.
3
Официјалниот број на смртни случаи на работници во текот на подготовката за СП 2022, според Катарците и според Инфантино. Организацискиот одбор вели дека на стадионите умреле уште 36 работници, но од причини кои не се поврзани со работата, туку по работниот ден, „од природна смрт“.
???
Точниот број работници кои умреле поради невнимателност на проектите поврзани со СП. Вистинскиот број никогаш нема да се дознае. Според некои организации за човекови права, катарските власти не успеале да ги истражат причините за смрт на илјадници работници мигранти, од кои многу се припишуваат како „природна смрт“. Исто така, се вели дека во таквите случаи, семејствата на загинатите ретко добиваат финансиски надомест, бидејќи, според катарските закони за труд, нема основа за исплата во случај на смртен случај, кој не е поврзан со работа.
6.500
Работници мигранти од Индија, Пакистан, Непал, Бангладеш и Шри Ланка, за кои Гардијан известуваше дека починале во Катар меѓу 2010 година, кога го доби правото на организција и 2021 година.
200
Број на починати непалски работници, поради жештините во Катар, според една студија во магазинот „Кардиологија“, во 2019 година.
100.000
Минимален број работници мигранти за кои „Амнести интернешнал“ смета дека биле искористувани и злоставувани поради мизерните закони за труд и недоволен пристап до правосудството на Катар, во последните 12 години.
14-18 саати
Дневно работно време на многу работници мигранти во Катар, особено во домаќинствата и во секторот бесбедност, наведува „Амнести интернешнал“. Неодамна имаше и изјава од работник од Кенија, кој велеше дека работи по 14 саати на стадионот „Лусаил“ без платено прекувремен труд веќе две години.
225 фунти
Законската минимална месечна плата во Катар, ако сместувањето и храната се обезбедени.
1.300-3.000
Сума во долари, платена како надомест од страна на некои работници мигранти од Индија, Бангладеш, Непал, за да добијат работа во Катар. Иако тоа сега е противзаконски, многу работници уште се мачеле да го исплаат овој влог, додека низ годините мораат да праќаат пари и на семејствата.
119.
Позицијата на Катар меѓу 180 земји, според индексот на слобода на медиумите. Дури и со овој статус е една од подобрите земји во тој регион, но активистите и невладините организации предупредуваат дека новинарите, најверојатно, ќе се соочат со надзор за време на СП.
7
Бројот на години во затвор, казна со која може да се соочат мажите или жените кои имаат сексуални односи надвор од бракот. Многу почесто биле погодени жените, а процесирани биле и оние кои се осмелиле да се пожалат на силување.
5
Можен број затвор според катарскиот законик за „наведување, поттикнување или заведување маж на кој било начин, да изврши содомија (секс со животни)“ и „наведување или заведување на маж на кој било начин, за да почне неморална или незаконска работа“.
440 милиони долари
Износ за кој Амнести интернешнал и други организации веруваат дека ФИФА би требало да обезбеди за да се иплати отштета на работниците мигранти кои умреле или претрпеле повреди во Катар. Тоа е еквивалент на наградниот фонд на СП.