
Слот стана само четвртиот тренер кој во првата сезона ја освоил Премиер лигата
Такво нешто сега му суепа на Холанѓанецот, Арне Слот кој сезонава пристигна на „Енфилд“ од Феенорд и испиша историја со тоа што веднаш донесе титула.
Слот ја водеше екипата до доминантно освојување на трофејот во Премиер лигата и за Ливерпул тоа беше вкупно 20. шампионски пехар, прв по заминувањето на Клоп.
Пред Слот до трофеј во своите први сезони успеале да стигнат само уште: Жозе Мурињо со Челси во сезоната 2004/2005, Карло Анчелоти во 2009/10, Антонио Конте во 2016/17, исто така со Челси и Мануел Пелегрини со Манчестер сити во 2013/14.
Арне Слот на тој начин не само што го скрши митот дека новите тренери мора да минат низ долг процес на прилагодување во Англија, туку и докажа дека со визија, дисциплина и современ фудбал може веднаш да се оствари резултат, дури и во најтешката лига на светот.
Arne Slot joins an elite club. ☝️ pic.twitter.com/wBY4C5akWj
— Premier League (@premierleague) April 27, 2025
Фото: EPA PHOTO