Синот на ветеранот кој на 40 години блескаше на СКП потпиша договор со Челси

Бразилскиот дефанзивец Тијаго Силва и на 40 години игра фудбал на високо ниво и тоа го покажа со настапот на Светското клупско првенство во дресот на Флуминенсе каде што беше избран во идеалниот тим, а по неговит стапки тргна и неговиот син, Исаго.

Имено, Исаго Силва сега доби стипендиски договор со Челси кој промовираше вкупно 16 младиници.

Синот на Силва неколку години се развива во академијата на Челси и во овој момент е дел од селекцијата до 16 години, меѓутоа дебитираше и за тимот до 18 години.

Челси очигледно верува дека има потенцијал да игра на највисоко ниво, па го награди со професионален договор.

Ќе потсетиме, Силва еден дел од својата кариера помина токму во Челси, а ќе видиме дали неговиот син ќе успее да дојде до сениорскиот состав.

Фото: Chelsea FC/X