
Швајнштајгер по шокот во Братислава: Ми се скрши срцето...
Избраниците на селекторот, Јулијан Нагелсман во Братислава беа поразени со 2-0 и тоа преизвика бес кај поранешниот фудбалер од средниот ред на Баерн и Манчестер јунајтед.
„Жал ми е, но во ниту една минута од натпреварот не верував дека ќе победиме. Ова е тежок удар. Бевме навистина лоши. Немавме добри додавања и не бевме никаква закана за противникот“, критикуваше Швајнштајгер.
Посебно бил погоден од реакцијата на навивачите по натпреварот.
„Морам да размислам кога последен пат сум ги видел германските навивачи како испраќаат свирежи и ги бркаат своите фудбалери. Тоа ми го скрши срцето. Треба да бидеме среќни ако се пласираме на Мундијалот, но ако играме како денес...“, изрази загриженост германскиот ветеран.
Фото:Bastian Schweinsteiger/X