24-годишниот играч на НФЛ тимот Бафало Билс, Дамар Хамлин е во критична состојба откако доживеа срцев удар на натпреварот против Синсинати Бенгалс.

Дамар Хамилн паднал за време на мечот, по што медицинските лица брзо влегле во теренот и започнале интервенција за негова реанимација. 
 
По лекарската интервенција, Хамлин со брза помош бил префрлен во болница. НФЛ подоцна објави дека натпреварот е одложен.
„Дамар Хамлин претрпе срцев удар по погодокот на нашиот натпревар против Бенгалс. По реанимацијата на теренот, срцето повторно почна да му чука и префрлен е во медицински центар на понатамошни прегледи и лечење. Во моментов е под седативи и се наоѓа во критична состојба“, соопштија од клубот.