Шестка за Ерменија од германската машинерија - лидерска позиција на „елфот“ во нашата група! (ВИДЕО)
Германија ја распарчи четата на Жоакин Капарос уште во првиот дел, кога Серж Гнабри даде два гола (6., 15. минута), а Марко Ројс (35.) и Тимо Вернер (45.) по еден, за седум минути по стартот на вториот дел Јонас Хофман (52.) и Адејеми (91.) да погодат уште двапати за убедлив триумф.
Четирикратниот светски првак со оваа четврта победа во петтото коло и со 12 бода на контото сега е првопласирана, пред Ерменија која падна на второто, а Романија сега ја прескокна Македонија откако со два гола во првиот дел, нашиот следен противник во среда го победи Лихтенштајн (2-0), но очигледно ги чуваше силите за пресметката во Скопје.
Романија сега има девет бода, Македонија со осум е четврта, а Исланд петти со четири, додека Лихтенштајн е единствен без бодови.
Романците на брзина во 11-та и 18-та минута дадоа два гола преку Тоска и Манеа и очекувано целосно доминираа, но иако најавија победа со многу голови, реализаторски застанаа, веројатно чувајќи ги силите за мечот со Македонија, кој полека станува клучен во таа трка за битката за барем второто место кое води во баражот..