Шест гола на „македонското дерби“ во Унгарија, Серафимов и Тодоровски играа еден против друг!

Мечот меѓу МОЛ Ферхервар и ЗТЕ заврши нерешено 3-3, ова беше дуел меѓу двајца македонски фудбалери кои настапуваат во унгарското првенство, Никола Серафимов против Тодор Тодоровски.

МОЛ Фехервар имаше водство по првото полувреме, а на крајот се спасуваа од пораз со гол во 99. минута. Тогаш беа поставени конечните 3-3.

Никола Серафимов го одигра целиот натпревар за домаќините. Тодоровски почна од клупата, во игра влезе во 69. минута, а доби и жолт картон во финишот од мечот.

По натпреварот нашите фудбалери си направија и заедничка фотографија: