Сестрата на англиски репрезентативец откри каде завршил дресот на Меси (ФОТО)

Иако Лионел Меси по натпреварот со Англија размени дрес со еден од противничките фудбалери не беше познато кај кого заврши дресот на аргентинскиот ветеран.

Мистеријата ја откри сестрата на англискиот дефанзивец Џед Спенс, која на Инстаграм сподели фотографија на која се гледа дека токму тој го поседува дресот на Лео.

Спенс беше меѓу најистакнатите поединци во редовите на Англија во полуфиналето на Светското првенство. Со неколку одлични дефанзивни интервенции го привлече вниманието, а посебно се издвои неговиот навремен лизгачки старт со кој го спречи Џулијано Симеоне да постигне погодок.

Во моментот на таа интервенција Англија имаше водство од 1-0, но не успеа да ја зачува предноста и на крајот остана без место во големото финале, токму Меси двапати асистираше за пресврт на Аргентина.