Противничката на Лина знае како со „хејтерите“ - ја навредија, па брутално им одговори! (ФОТО)
Анисимова на Вимблдон стигна до третото коло каде што загуби од сонародничката Медисон Киз, а по тој меч на социјалните мрежи доби навредливи коментари поврзани со нејзината тежина.
Наместо да влегува во расправии и да троши време на негативни коментари, 24-годишната Американка избра поинаков пристап. Таа објави неколку опуштени фотографии од базен, а во описот со доза иронија напиша:
„Вашите коментари навистина многу ме погодуваат.“
Со неколку емотикони што се смеат, јасно стави до знаење дека навредите не ја допираат, а нејзината објава наиде на бројни позитивни реакции и поддршка од навивачите.
Анисимова во моментов се наоѓа во важен дел од сезоната. Како деветта тенисерка на ВТА-листата не успеа да ги одбрани бодовите освоени минатата година, кога играше во финалето на Вимблдон, па во продолжението од северноамериканската турнеја ќе се обиде да освои нови бодови и да го задржи местото меѓу десетте најдобри тенисерки во светот.
Anisimova on Instagram giving it back to comments about her weight... pic.twitter.com/5viEn1MVjH
— SK (@Djoko_UTD) July 13, 2026