Даклан Рајс трипати го прекрши новото правило на ФИФА и не беше исклучен (ФОТО)

Полуфиналето на Светското првенство меѓу Аргентина и Англија заврши со победа на „гаучосите“ од 2-1, а и два дена по натпреварот тема во јавноста се одредени судиски одлуки во овој дуел.

Вниманието на медиумите го привлече ситуацијата со Даклан Рајс кој на оваа средба трипати ја прекри устата додека разговарал со аргентинските фудбалери и со тоа го прекршил правилото кое ФИФА го воведе пред Мундијалот.

И покрај неговиот потег, главниот судија Исмаил Елфат не реагираше во ниту една ситуација, а немаше ниту интервенција од ВАР-собата. 

Според новото правило фудбалер кој намерно ќе ја покрие устата со рака, дрес или дел од телото за време на конфронтација со противник или официјално лице може  да биде исклучен.

Ова правило веќе беше применето на овој турнир. Еквадорецот Пјеро Инкапие беше еден од фудбалерите кои директно беа исклучени поради покривање на устата за време на конфликт со противникот, што дополнително го отвори прашањето за конзистентноста на судиите.

Во случајот со Рајс, достапните снимки покажуваат дека англискиот играч за врска ја покривал устата додека разменувал зборови со Меси и други аргентински репрезентативци. Поради тоа, дел од медиумите сметаат дека Англичанецот можел, па дури и морал, да добие црвен картон.

Сепак, останува непознато што точно кажал Рајс, како и дали судијата и ВАР собата процениле дека разговорот не бил доволно агресивен или провокативен за најстрога казна.