Фабрицио Романо ја налути ЦСКА Москва: Доста пишуваш глупости!

Фабрицио Романо важи за еден од најдоверливите новинари кога се трансферите во прашање, но сега се најде на удар на рускиот гигант ЦСКА Москва кој тврди дека преку нивното име се обидува да ја „напума“ цената на аргентинскиот фудбалер, Езекиел Себаљос. 

Романо вчера објави дека Наполи испратил понуда вредна 10 милиони долари за крилниот напаѓач, но и дека аргентинскиот фудбалер одбил понуда од пет милиони долари од ЦСКА Москва затоа што не сакал да игра во Русија. 

По ова се огласи рускиот клуб со остра реакција.

„Фабрицио, престани да шириш невистини и глупости. Ти си почитуван новинар. ЦСКА никогаш не му понудила на ниту еден играч нето плата од пет милиони евра годишно. Разговорите со Бока Јуниорс завршија уште во февруари, немаше договор, ниту официјална понуда за играчот. Не планираме да ангажираме крилен фудбалер ова лето. Престани да го користиш нашето име за да олеснуваш трансфери или да ги зголемуваш барањата“, порачаа од ЦСКА.