Рома не се раздели најдобро со Мурињо, а сега ќе го моли да им позајми фудбалер!

Од Жозе Мурињо ќе зависи дали Рома ќе може да добие на позајмица една од ѕвездите на Реал Мадрид.

Рома сака да го ангажира младиот напаѓач Ендрик на позајмица до крајот на сезоната.

Бразилецот во вториот дел од минатата сезона играше како позајмен на Лион, но сега пак е во кралскиот клуб.

Разговорите меѓу двата клуба траат, но клучниот збор ќе го има Жозе Мурињо.

Португалецот треба да одлучи дали Ендрик ќе му биде потребен за наредната сезона или ќе може да замине на позајмица.

Рома немаше пријатна разделба со Мурињо, но сега тој ќе одлучува дали тие ќе го добијат Ендрик или не.