Атлетико ја затвори вратата - Алварез не оди во Барса ова лето!
Барселона креираше атмосфера за ангажман на Алварез, дел од тактиката беа и изјавите на фудбалерите на каталонскиот тим кои го повикуваа Аргентинецот, но ништо нема да има од тоа.
„Мојата позиција е јасна, позицијата на клубот е јасна. Им ставивме јасно дознаење на фудбалерот, неговите претставници и на претседателот на Барселона. Не се ни сомневам дека Атлетико е вистинското место за Хулијан и дека Хулијан е перфектен напаѓач за Атлетико Мадрид, сакаме да го задржиме. Неодамна го слушнав претседателот на Барса како вели дека понудата која ја дале до Атлетико Мадрид не била неограничена. Мојот единствен одговор е дека нашата одлука е неограничена. Не не сакаме да го продадеме. Не привативме понуда од 100 милиони евра и нема да прифатиме понуда од 150 милиони евра, дури и од 200 милиони евра ќе одбиеме“, вели извршниот директор на Атлетико Мадрид.